Издадени уште 1.064 потврди на мигранти

Од:

Уште 1.064 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени на мигранти во изминатото деноноќие. Такви потврди досега вкупно се издадени на 28.297 странски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од издадените потврди од осум часот вчера наутро до 8 часот изутрината, 672 се за лица од машки пол, 177 се од женски, 189 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а издадена е и потврда на уште 26 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 967, потоа Пакистан 40, Ирак 33, Авганистан 19, а другите се во помал број.

Од вкупно 28.297 странски државјани  кои добиле потврда, 20.021 се од машки пол, 3.813 се од женски, 4.180 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 283 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија 21.705, потоа Авганистан 1.964, Ирак 1.473, Пакистан 968, Сомалија 526, Палестина 435, Конго 285, Камерун 133, Еритреја 129, Нигерија 103, Етиопија 99, а другите се во помал број.

Од стартот на издавање потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчерашниот ден е евидентиран еден барател на азил (маж).

Мобилните тимови на Црвен крст вчера укажале прва помош на 112 лица, од кои 73 во Гевгелија, а кај 39 е интервенирано во Табановце. Дванаесет трудници побарале медицинска асистенција од мобилните тимови, две деца се транспортирани до гевгелиската Општа болница и за еден случај е повикана Итната медицинска помош. На Табановце и Гевгелија се дистрибуирани  816 шишиња вода,103 пакети за прва помош,113 пакети со храна, 43 хигиенски пакети за мажи и 45 хигиенски пакети за жени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски