Тројца полицајци повредени во сообраќајка кај Струга

Од:

Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Според него, незгодата се случила во 17 часот и 33 минути меѓу патнички моторни возила „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР и „опел“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на М.А.(52) од Струга.

– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на опелот, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Патниците во полициското возило, Д.П.(29) и Д.К.(28), двајцата од Скопје и Д.Ј.(31) од Куманово, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош. За карактерот на нивните повреди ќе следува дополнителна информација, изјави Димоски.

Увид на местото на незгодата вршат полициски екипи.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски