Изборите за провинциите може да го означат „крајот на имунитетот на Германија против популизмот“

Од:

ДПА – Хамбург

Германската десна партија Алтернатива за Германија, често е дефинирана како протестна формација која го користи народното незадоволство од бегалската криза. Но провинциските избори в недела може да за зацврстат позицијата на првата влијателна националистича партија во земјата по Втората светска војна.

Ако може да им се верува на лидерите на сепосилната германска десна националстичка партија Алтернатива за Германија (АзГ), земјата е на пат во недела да преживее изборна катаклизма, која засекогаш ќе го смени политичот пејсаж!

– АзГ е во подем и ништо не може да ја сопре, рече водечкиот канидидат на партијата во осиромашената источна провинција Саксонија-Анхалт, Андре Погенбург, на предизборен митинг минатиот месец.

Неговата партија потхранувана од народното незадоволство од огромниот бран на главно муслимански мигранти, влече поддршка од конзервативната електорална база на Ангела Меркел пред гласањето во три провинции, кои ќе го подготват теренот за националните избори во 2017 година.

Последните податоци покажуваат дека АзГ добива рекорден дел од гласовите во Саксонија-Анхалт, која во недела ќе гласа заедно со југозападните провинци Баден-Вуртенберг и Рајланд-Фалц.

Според истражувањата на јавното мислење, АзГ ја користи рекордната поддршка од 19 проценти во Саксонија-Анхалт, со 12,5 проценти во Баден-Вуртенберг и девет проценти во Рајланд-фалц. Тоа значи дека скоро со сигурност ќе ја прескокне петпроцентната бариера за влегување во парламентите на трите провинции.

АзГ жнее голем напредок уште од кога беше основана како партија против еврото за време на должничката криза во Европа во 2013 година. Нејзиниот основач, Бернд Луке ја создаде како партија која исповеда класична либерална филозофија и го избегнува традиционалниот јазик на десницата и левицата.

Позиците на партијата ослабнаа минатата година заради жестоките внатрешни борби меѓу нејзините крајнодесни и поумерени фракции, кои на крајот доведоа до напуштањето на Луке.

По порасатот на незадоволството од одлуката на Меркел да ги отвори гранците на Германија за стотици илјади мигранти, партијата се врати како десна формација под арководството на Фрауке Петри – претприемачка која стана политичар.

Но честото повторувано карактеризирање на АзГ како протестна партија „веќе не е пристојно“, рече раководителот на агенцијата за истражување на јавното мислење Форшунгсгрупе вален, Матијас Јунг, и додава дека партијата постигнала успех таму каде други повоени националистички формации не успеале.

Таа веќе има свои претсавници во парламентите на пет провинции – Саксонија, Бранденбург и Тјурингија на исток, и градовите провинци Хамбург и Бремен – и го проширува својот дневе ред и зафајќи се со уште теми покрај противењето кон еврото, со што и започна, и сегашната своја програма за построга контрола на границите.

Нејзиниот состав од десни политичари вклучува и построга контрола на абортусот за да може да се раѓаат повеќе германски деца, референдум за плановите за изградба на џамии со минариња, и договор за слободна трговија со Русија, кој ќе ги оправда германските бизнис интереси.

Погрешните чекори на нејзините лидери од кои двајца неодамна изјавија дека на граничната полиција би требало да и се дозволи да користи огнено оружје за да ги сопира мигрантите кои нелегално влегуваат во Германија, не и пречат на подемот на АзГ, а обидите на одредени политичари да ја истуркаат кон периферијата исто не се успешни.

Лидерот на социјалдемократите, Зигмар Габриел, кој и е вицеканцелар на Меркел, неодамна рече дека АзГ би требало да биде следена од агенти на германското разузнавање, а германскиот еврокомесар Гјунтер Јотингер изјави дека би се застрелал ако Пери му била сопруга.

-Маргинализирањето на АзГ ќе има обратен еект – тие немаат никакви шанси за успех, рече Јунг и додаде дека позицијата на партијата која не е дел од власта, им се допаѓа на многу избирачи, особено на оние од поранешната Источна Германија кои не се чувствуваат адекватно претставени во Берлин.

Експерти велат дека постојната ситуација на статус кво во Германија при што двете водечки партии – демохристијаните на Меркел и левоцентристичките социјалдемократи – имаат владејачка позиција да прават коалиции меѓу себе или со помали тесно со нив сврзани сојузнци, е надмината.

– Изборите можат да бидат уште еден важен чекор во деликатниот и бавен процес на структурна промена во германската политика, рече главниот економист во Ај-ЕјЏи, Карстен Брески. Една АзГ во подем би го одбележала „крајот на имунитетот на Германија против популизмот“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија