Изборите за гувернери и пратеници, што денеска се оддржуваат во 23 држави на Венецуела, се тест за власта на болниот венецуелски претседател Уго Чавес и претставуваат приказ за тоа каква може да биде политичката иднина на земјата во следните неизвесни месеци, оценуваат американските медиуми.
За прв пат по речиси 14 години минати на власт Чавес (58), заради болеста, не е во можност активно да учествува на изборите.
Приврзениците на Чавес денешните избори ги гледаат како „референдум за наследството на претседателот“ и шанса за придобивање гласачи, додека за опозицијата изборите ќе ја одредуваат и нивната политичка судбина.
Главна битка ќе се води меѓу Чавес и неговиот опозициски ривал Енрике Каприлес (40), која за болниот претседател беше голем предизвик и на претседателските избори од 7 октомври, кога освои 44 отсто од гласовите, наведуваат американските медиуми.
Покрај изборот на гувернери, граѓаните ќе избораат и 229 членови на државните законодавни совети.
Агенциите наведуваат дека Чавес контролира осум венецуелски држави, додека Каприлес седум и дека изборите се од големо значење за оваа јужноамериканска држава членка на ОПЕК, со едни од најголемите резерви од нафта во светот.