Избори во Мексико: Во кампањата нападнати 500 политичари, убиени 32-ца кандидати

Од:

Најмалку 80 политичари се убиени за време на изборната кампања во Мексико, од кои 32 беа кандидати за некоја функција, а притоа биле регистрирани вкупно 476 напади врз политичари.

Само еден ден откако нарко картелот на затворениот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, го уби началникот на државната полиција во Синалоа, група вооружени напаѓачи го киднапираа и кандидатот на Зелената партија, Омар Планкарте Хернандез.

На Хернандез, кандидатот за градоначалник на Урупан, членовите на нарко картелот пред девет години му киднапираа две деца.

Пред изборите закажани за 6 јуни, политичката сцена во Мексико едноставно се распаѓа под притисок на нарко картелот Синалоа, чии членови се одговорни за 476 напади врз политичари, од кои 79 беа фатални.

Мексиканските медиуми наведуваат дека насилството е зголемено за дури 64 проценти во споредба со претходните избори, што резултираше со повлекување на дваесетина кандидати.

Киднапирани се дури 25 кандидати, од кои едниот е убиен, додека се уште не е позната судбината на кандидатот за градоначалник на Мезакуитик, град во државата Халиско.

Мексико на 6 јуни треба да избере 500 членови на Долниот дом на парламентот, 15 гувернери и неколку стотици градоначалници.

Мексиканските медиуми наведуваат и дека во последно време во земјата се забележани по речиси 100 убиства дневно, а лани биле убиени вкупно 34.600 лица.

Би можело да ве интересира

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

Убиецот од Цетиње по обидот за самоубиство, починал во возилото на итната помош

A1on

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он