Иванка Трамп повикана да сведочи во истрагата за нападот на Капитол

Од:

Поткомитет на Претставничкиот дом на САД што го истражува насилниот упад во американскиот Конгрес на почетокот на јануари 2021 година побара од Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател Доналд Трамп, доброволно да соработува во постапките што ги води. Од Иванка Трамп е побарано да присуствува на сослушувањето, кое ќе се одржи на почетокот на февруари, и да даде информации за постапките на нејзиниот татко, вклучително и телефонски разговор со поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.

Од Пододборот се обидуваат да ги потврдат тврдењата дали Трамп потоа извршил притисок врз Пенс да ги отфрли резултатите од претседателските избори на кои нејзиниот татко беше поразен. Иванка Трамп беше советник на нејзиниот татко додека тој беше американски претседател.

„Сведочењето што го добивме покажува дека персоналот на Белата куќа постојано барал ваша помош во обидот да го убеди претседателот Трамп да реагира на беззаконието и насилството на Капитол Хил“, се наведува во повикот до Иванка Трамп.

Претходно оваа недела беа издадени обврзувачки покани за присуство на судењето на Руди Џулијани и другите членови на правниот тим на Трамп кои поднесоа неосновани приговори за регуларноста на изборните резултати во 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иванка Трамп: „Те сакам тато, сега и засекогаш“

A1on

Водачот на нападот на Капитол Хил во 2021 година беше осуден на повеќе од седум години затвор

Иванка Трамп мора да сведочи против нејзиниот татко на судењето во Њујорк

Горан Наумовски

Бигс е осуден на 17 години затвор поради раководење на нападот на американскиот Капитол

Горан Наумовски

Се бара казна од 25 затвор за водачот на групата која учествуваше во нападот на Капитол

Американската полиција во состојба на готовност поради евентуални напади пред втората годишнина од упадот во Капитол

А1он