Италијанското обвинителство нареди фериботот во Јадранот да биде извлечен во Италија

Од:

Италијанското обвинителство стравува дека може да бидат откриени уште тела во остатоците на грчкиот ферибот „Норман атлантик“, кој веќе трети ден се наоѓа во водите на Јадранот, откако на палубата со автомобили избувна пожар при што загинаа десет лица.

Обвинителот на Бари Џузепе Волпе наложил грчкиот ферибот, кој се наоѓа во моментот крај бреговите на Албанија, да биде извлечен со реморкер до јужното италијанско пристаниште Бриндизи, како дел од криминална истрага.

Според него, веројатно во товарните простории ќе бидат откриени уште тела, со оглед на „несоборливите“ докази дека во бродот биле скриени имигранти.

Компании, специјализирани во вадење на потонати бродови, работат на обезбедување јажиња за реморкерот, за да започнат да го извлекуваат фериботот, но тоа е отежнато поради силните ветрови и бранови.

Двајца албански морнари загинаа денеска, кога кабелот со кој биле поврзани два брода во спасувачката мисија, ненадејно пукнал и при тоа ги зафатил луѓето кои биле најблиску и ги притиснал за пропелерот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале