Италијанските сили презедоа контролата врз бродот со имигранти

Од:

Припадници на италијанската крајбрежна стража презедоа контролата врз трговскиот брод „Езаден“ на кој се наоѓаат околу 450 имигранти, соопшти денеска командантот на единицата, Филипо Марини.

Припадници на спасувачките екипи се искачија на бродот и по поправката го насочија кон италијанското пристаниште Кротоне.

„Езаден“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, се расипа на отворено море, по силна бура. На половина век стариот брод прво му откажа моторот, а потоа и кормилото.

Инцидентот се случи во близна на брегот на југоисточна Италија, по што целиот екипаж го напуштил бродот, оставајќи го да плови без контрола носен од брановите и морската струја.

Еден друг трговски брод евакуираше околу илјада имигранти од „Езаден“, кога минатата недела беше откриено дека на него нема ниту еден член од неговата екипа. Подоцна, напуштениот расипан брод беше влечен од еден исландски трговски брод.

Меѓу имигрантите, за кои се претпоставува дека во најголем број се Сиријци, има бремени жени и многу мали деца.

Бродот, кој е долг 73 метри, испловил од Турција кон Западот. Тој е регистриран од една либанска компанија, но бил користен за илегално префрлање на имигранти.

Алармот околу овој брод ја покрена еден од имигрантите,кој преку бродското радио им се јавил на италијанските власти, барајќи помош.

– Пловиме без екипаж и без кормило кон брегот на Италија, им порачал имигрантот на луѓето од италијанската крајбрежна стража.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале