Италијанскиот Сенат, во прво читање, ги усвои измените на Уставот

Од:

Италијанскиот Сенат, во прво читање, го усвои важниот проект за уставни реформи, што предвидува, меѓудругото, намалување и на улогата на овој парламентарен дом со цел поедноставување на италијанскиот политички живот и услови за економско заздравување на земјата, пренесоа француските медиуми.

Италијанските сенатори, уште на 2 август, го прифатија оној дел од реформата што се однесуваше на бројот на сенатори и начинот на кој тие ќе бидат избирани. Сенатот сега брои 315 сенатори, кои се избираат директно од народот. Кон нив се додаваат и сенаторите кои ги предлага претседателот на републиката. Според реформата, сенаторите ќе се намалат до само 100, од кои 95 ќе бидат избрани оде 20-те италијански области, а петмина ќе бидат номинирани од претседателот.

Според реформата, Сенатот, освен тоа, веќе нема да гласа за доверба на Владата и нема да се занимава со законодавна дејност во областите со кои ќе се занимава Претставничкиот дом, кој, де факто, ќе се претвори во водечкиот парламентарен дом.

Досега, според италијанскиот дводомен парламентарен систем, двата парламентарни дома имаа идентична тежина и гласаа доверба на Владата, како и ги донесуваа сите закони. Тоа го забавуваше донесувањето на важни закони, а меѓу нив и оние што се битни за економската обнова на земјата, во момент кога Италија повторно влезе во рецесија.

Според реформата, Сенатот ќе може да се произнесува само во уставната област, за прашањата на ратификациите на меѓународните договори, за некои изборни закони, во областите на семејното планирање и здравствената заштита, а останатите сфери ќе останат под компетенции на Претставничкиот дом.

Реформата, освен тоа, предвидува укинување на провинциите и зачувување само на областите и на општините. Таа го укинува и Националниот совет за економија и труд.

Според реформата, се менува и начинот на избор на претседателот од страна н Парламентот. Во текот на четири круга претседателот може да се избира само со двотретинско мнозинство, за потоа, од петиот круг па натаму, со мнозинство од три петини за разлика од досегашното обично мнозинство. Од деветиот круг натаму претседателот се избира со обично мнозинство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски