Италијанскиот премиер со критика за унгарскиот план за кревање ѕид кон Србија

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска го критикуваше планот на Унгарија за кревање ограда на границата со Србија како начин да се спречи приливот на имигранти, оценувајќи дека тоа не е во духот на Европа чиј идентитет го карактеризира уривањето, а не кревање нови ѕидови.

-За мојата генерација, раѓањето на европскиот идентитет се поистоветува со симболичниот пад на Берлинскиот ѕид. Тогаш јас имав 14 години. Денеска мојот син има толку и не сакам за него знак на припадност кон европското семејство да биде ѕидот меѓу Унгарија и Србија, или ограда од недоверба меѓу европските земји, наведе Ренци во авторскиот текст за италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“.

Според него, Европа мора да покаже кои се вредностите во кои верува.

-Европа не е собир на обврзувачки правила од финансиска природа, таа е заедница на души, судбини, идеали. Доколку ова ни се скрати, го губиме европскиот идентитет. Сакаме да се бориме за поинакво сфаќање на човековите вредности, развојот на цивилизираното општество, мирот: Европа заради тоа е и создадена. Не заради склучување берзански договори и пактови за стабилност. Туку заради овие вредности, заклучи Ренци.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он