Италијански министер: Во градовите каде има драстични мерки нема нови заразени

Од:

Две недели откако десет италијански градови прогласија црвена зона, а каде се воведени драстични мерки, по првпат нема нови заразени луѓе, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

Во Италија досега се заразени 15.113 луѓе, а од нив за жал 1.016 починаа од коронавирус. Откако италијанската влада воведе драстични мерки и затвори бројни продавници, кафулиња, ресторани и фризерски салони, го ограничи движењето, се чини дека мерките конечно даваат првични резултати.

Инаку, во Италија досега од коронавирус се излекувани 1.258 луѓе, а бројот на заразени од средата наваму порасна за 2.651.

Италијанците очекуваат дека резултатите од рестрикциите ќе се видат за околу две недели, како и дека досега ширењето на коронавирусот би требало да биде под контрола, посебно во градовите надвор од иницијалната „црвена зона“.

На санирање на последиците од коронависурот, како што пренесува Би-би-си, Италија ќе потроши околу 28 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он