Италијански медиуми: Драги денеска објавува оставка

Од:

Премиерот на Италија, Марио Драги денеска во Парламентот ќе ја соопшти својата оставка, јавуваат италијански медиуми.

Парламентарната седница е закажана за девет часот.

Италијанскиот премиер се одлучи на ваков чекор, откако вчерашното гласање за доверба на неговата влада беше бојкотирано од сенаторите од три партии од неговата коалиција.

Италијанскиот Сенат гласаше со 95 гласа „против“, 38 „за“ во гласањето за доверба на премиерот. Но, тројцата главни коалициски партнери на премиерот одбија да учествуваат во гласањето за доверба. Додека десетици сенатори го бојкотираа гласањето, коалицијата на Драги остана фрагментирана, без големото мнозинство што тој се обидуваше да го освои, како и со извесност за предвремени избори во септември или во октомври.

По бојкотот на гласањето од страна на тројцата водечки коалициски партнери, како што пренесуваат медиуми, Драги денеска ќе објави дека се повлекува од премиерската функција.

Драги поднесе оставка минатата недела, а претседателот Серџо Матарела ја отфрли и го упати во Парламентот за да види дали може да обезбеди широка коалиција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага