Италијански мафијаш убиен пред очите на туристите јужно од Рим

Од:

Педесетгодишен член на наполитанската мафијашка организација „Камора“ убиен е на плажата во Терецина, летувалиште јужно од Рим.

Ликвидацијата предизвикала голема паника меѓу туристите, јавуваат италијанските медиуми.

Според полицијата убиениот бил намамен во стапица и буквално ликвидиран. Тој лежел на плажата, кога некој му с еја јавил на мобилниот телефон, отишол на улицата во близина на плажата, каде што бил убиен.

Полицијата информира дека биле испукани најмалку пет куршуми, што предизвикало паника и хаос меѓу туристите на плажата во Рим.

Ова лето медиумите пишуваа за разни спректакуларни случувања на брегот во близина на Рим, вклучувајќи го и убиството со девет куршуми во грб на припадникот на „Камора“ кој беше пуштен условно на слобода , а се пишуваше и за бомби кои беа наоѓани од туристите меѓу кабините за преслекување во летувалиштето Остија.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он