Италијанската полиција заплени над четири тони кокаин

Од:

Италијанската полиција заплени над четири тони кокаин со улична вредност од една милијарда евра и уапси десетици лица за кои постои сомневање дека се дел од меѓународен синџир за шверц на дрога, соопштија денеска полициски претставници.

Судот во Реџо Калабрија нареди апсење на 34 лица, меѓу кои и неколку високи членови на Калабриската мафија, кои се вклучени во меѓународен синџир за трговија со дрога, се наведува во соопштението.

Полковникот на финансиската полиција Марио Палумбо изјави дека сите лица се уапсени, освен двајца. Во рамки на истрагата, која е предводена од италијанската финансиска полиција, шпанската полиција трага по уште четири лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале