Италијанската полиција заплени над 180 килограми албанска марихуана

Од:

Италијанската полиција во две одделни акции  заплени 183 килограми марихуна, прошверцувани од Албанија.

Во првата акција се уапсени тројца албански државјани откако кај нив полицијата открила 130 килограми марихуана.

Дрогата била запленета синоќа во Умбрија, кога од областа Фросионе била пренесувана во северниот дел на Италија.

Полицијата запрела две возила при што во едното од нив биле Албанците и запленетата дрога, која се наоѓала во три големи вреќи.

Во друга акција полицијата во Бриндизи заплени 53 килограми марихуана и уапсила педесет и тригодишен Албанец, во чиј автомобил „Форд Фиеста“ била пронајдена дрогата.

Заедно со Албанецот уапсен е и триесет и тригодишен Италијанец, кој е осомниче за препродажба на дрогата. Тие биле уапсени по подолго следење на автопатот Лече-Бриндизи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски