Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин од Колумбија

Од:

По големата меѓународна истрага на повеќе полициски служби, што траеле повеќе од една година, италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин, чија улична вредност се проценува на околу 240 милиони евра, со што му е зададен тежок удар на колумбискиот Заливски клан, соопштија денеска истражителите.

Полицијата соопшти дека оваа акција, што претставува една од најголемите заплени на наркотици во Европа, е кулминација на меѓународната истрага што резултирала со налог за апсење на 38 лица во шест земји: Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Колумбија, пренесуваат британските медиуми.

Истрагата траела повеќе од една година и ги опфатила колумбиското правосудство и државната безбедност на САД, а освен кокаин полицијата запленила и 1,85 милиони евра во кеш.

Колумбиските власти во ноември минатата година соопштија дека се фокусирани на разбивање на Заливскиот клан, чија криминална мрежа се протега во 28 земји низ светот, а се почнало откако во октомври бил уапсен шефот на групата „Даира„“, Антонио Усуга, попознат како „Отониел“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага