Италијанската полиција разби мрежа за снабдување на фалсификувани документи за мигранти

Од:

Италијанската полиција соопшти денеска дека разбила криминална мрежа за продавање на фалсификувани документи на илјадници мигранти со што тие добивале право за престој во Италија, како и пристап во сите земји на Европската унија, јави ДПА.

Италијанската полиција го уапсила водачот на групата, 55-годишниот сметководител од Милано, како и десет лица од Египет, Италија, Мароко, Пакистан и Тунис, кои меѓу 2007 и 2016 година основале 828 фантомски фирми, преку кои биле најмувани, според истражителите, од „огромен број“ на граѓани од земјите надвор од ЕУ.

„Клиентите“ плаќале меѓу 300 и 3.000 евра за фалсификуваните документи.

Истражителите досега извршиле претрес во 35 од фантомиските фирми, кои обезбедиле виртуелни работни места на 1536 лица и на тој начин на групата и заработиле околу три милиони евра меѓу 2012 и 2016 година.

Се води истрага за уште 160 осомничени, вклучително и 116 „клиенти“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски