Полицијата во Неапол разби група фалсификатори на пари кои печателе лажни банкноти во вредност од неколку милиони евра и ги дистрибуирале во Европа и Северна Африка.
Обвинителството соопшти дека полицијата запленила фалсификувани банкноти во вредност од милион евра како и преса за печатење банкноти. Седиштето на групата било во Неапол, а обвинителството соопшти дека се уапсени 56 луѓе.
Најпогодени од активностите на групата се Франција, Шпанија, Германија, Романија, Бугарија, Албанија, Сенегал, Мароко, Тунис и Алжир.
Истрагата траела 2,5 години.