Албанската полиција во приморскиот град Валона уапсила италијански државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Интепрол Анкара.
Станува збор за Донато Крастола (46) жител на италијанскиот град Бриндизи, кого турски Интерпол го барал за кривично дело „измама“.
– Италијанскиот државјанин Донато Крастола од Судот во Измир бил осуден на седум години затвор за кривично дело „измама“. Уапсеното лице набрзо ќе биде естрадирано за Турција, соопшти албанската полиција.