БЕТА – Белград
Планот за обнова на ЕУ по пандемијата, која по многу оценки е преседан за иднината на Унијата, ги подели нејзините членки кога станува збор за солидарноста и економските и политичките начела на ЕУ односно дали „штедливите“ богати треба да го финансираат закрепнувањето на „трошачите“.
Сериозен судир околу суштината на планот изби помеѓу Италија, како земја посебно погодена со пандемијата и Холандија како претставничка на „штедливата“ струја. Мнозинството Италијанци, 58 проценти од нив оценија дека треба да се бојкотираат производите и услугите од „себичните Холанѓани“, покажува истражувањето на јавното мислење во Италија пред најавениот предлог на Европска комисија за фонд за закрепнување на економијата и здравството на ЕУ од погубните последици од епидемијата со коронавирусот.
Бидејќи едни го поддржуваат француско-германскиот предлог за закрепнување на најзагрозените земји – Италија и Шпанија посебно, да земат најголем дел од заедничките 500 милијарди евра, речиси неповратни средства – „подарок“.
Против се групата богати „штедливи“ членки на ЕУ – Холандија, Данска, Австрија и Шведска, кои бараат помошта да е преку поволни кредити, но условени со структурални реформи и трошење на тоа што ќе се заработи.
„Трошачите“, како што ги опишуваат „штедливите“, истакнуваат дека посебно Шпанците и Италијанците, биле неодговорни во трошењето на буџетот и државните пари, па затоа западнале во економска и општествена катастрофа и страшната епидемија на коронавирусот многу потешко ги погоди и уништи нивните економии и здравство во однос на некои други членки на ЕУ.
Австрискито весник „Пресе“ оценува дека не е добар аргумент богатите членки на ЕУ затоа што имаат големи вишоци во извозот во однос на другиот дел на Унијата, а посебно кон „трошачите“, треба ним да им враќаат дел од заработката и тоа го споредува со логиката на американскиот претседател Трамп и покренувањето на „трговската војна“ со земјите, кои како ЕУ и Кина, повеќе извезуваат отколку што увезуваат од САД.
Италијанскиот весник „Стампа“ предупредува дека тоа е „слепило“, а не „штедливост“ и вели дека цела Унија ќе западне во криза на опстанок, ако едноставно се дозволи да пропаднат многу членки на еврозоната.
Аналитичарите на ЕУ се поделени и според интересите, со оцена дека ако пропаднат економиите, здравствените системи и огромните политички нарушувања би предизвикале Унијата да престане да постои каква што е.
Јасно е дека и за „штедливите“, пропаднатите извозни пазари, големиот број невработени и богатите и малку богатите членки на ЕУ би станале плен на недомкратски, популистички, авторитарни сирени кои нудат „лесни решенија“, кои опасно потсетуваат на минатото на Европа.
Медиумите, аналитичарите и политичарите во ЕУ го оценија како голем, можеби и „историски пресврт“ во досега теснограда политика на Германија кон иднината на Унијата, откако германската канцеларка Ангела Меркел заедно со францускиот претседател Мануел Макрон, голем заговорник на солидарноста, јакнење на единството и згасната светска улога на Унијата, излезе со предлог за заеднички Фонд за обнова од епидемијата во цела Унија да преземе задолжување и отплата на 500 милијарди ерва.
Германско-францускиот предлог има и ставка дека помошта е на две години „со темелна процена на кои региони и сектори им се потребни тие средства“.
Парите можат да се употребат за економски раст во многу корисните сектори за истражување и иновации, за здравстви, за зелена економија и дигитализација, што е дел од големиот стратешки план за изградба на ЕУ како рамноправен конкурент на светските моќници Америка и Кина.
Берлин и Париз преку ставот дека Планот за закрепнување треба да биде „поврзан со почитувањето на правната држава и основните права испраќа порака и до ’суверенистите’, членките од истокот на ЕУ, кои не се задоволни со Планот бидејќи стравуваат оти би имал лоши последици по нивните досегашни права за повлекување на големи суми од структурните и кохезивните фондови на Унијата.
Германскиот весник „Шпигел“ заклучува дека Германија со заедничкиот предлог со Франција за Фондот за закрепнување на ЕУ „направи историски чекор за Унијата и испрати силен знак на солидарност на богатите со оние послабите“.