Владата на Италија издаде наредба до граѓаните дека носењето маски на отворено е задолжително во целата држава, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19.
Италија бележи постепено зголемување на новите случаи во претходните два месеца, иако бројките се уште се значително пониски во споредба со Франција, Шпанија и Велика Британија.
Исто така, денеска беше одлучено да се продолжи вонредната состојба во земјата до 31 јануари.