Италијанската полиција уапси 50 лица и приведе уште 70 други осомничени за учество во местење натпревари во третата, четвртата и петтата фудбалска лига.
Меѓу уапсените има играчи и директори од 30 клубови, кои се обвинети за учество во „заговор за спортска измама“.
Операцијата под име „Нечист фудбал“ е изведена во соработка со обвинителството од јужниот италијански град Катанзаро, пренесува „Газета дело спорт“.