Италија се вклучува во нова мисија во Нигер

Од:

Италија ќе го намали за 50 отсто нејзиниот контигент од војници во Ирак, бидејќи се подготвува да учествува во нова меѓународна воена мисија во Нигер, изјави денеска италијанската министерка за одбрана Роберта Пиноти.

– Поконкретно, Италија ќе го намали бројот на војници кои се распоредени во Мосул, но ќе продолжи да учествува во обучувањето на ирачките војници и полицајци, нагласи Пиноти.

Новата мисија во Нигер, што ќе биде одобрена од страна на италијанскиот Парламент следната недела, ќе ги поддржи тамошните власти во обуките на војници кои ќе се борат против тероризмот и трговијата со луѓе.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он