Повеќето земји членки на Европската унија се согласни дека признавањето на палестинската држава за независна не е добра идеја во овој момент, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони, пренесува ДПА.
– Признавањето на Палестина е на масата за преговори, но не може да има принципиелен став за донесување на таква одлука во момент, кога тоа би било несоодветно. Правилно е да се разгледа ова прашање, но треба да го направиме кога тоа ќе биде најкорисно, изјави Џентилони.
Според него, позицијата на Италија е иста, како и на главните европски влади, со исклучок на Шведска.
Изјавата на Џентилони доаѓа ден откако шпански пратеници ја повикаа владата на Шпанија да ја признае Палестина, следејќи го примерот на Шведска, што ја призна Палестина кон крајот на октомври годинава.