Италија одобри вакцината на Астра Зенека, но ќе ја избегнува кај повозрасни од 55 години

Од:

Италијанската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Астра Зенека“ против Ковид-19 за сите возрасни лица, но препорача алтернативи за лица над 55 години.

АИФА ја одобри вакцината за лица постари од 18 години, како што препорача Европската агенција за лекови, но изрази одредена несигурност за нејзината ефикасност кај луѓето постари од 55 години, бидејќи оваа возрасна група беше недоволно застапена во испитувањата.

Во очекување на дополнителни информации, Агенцијата препорачува повластена употреба на „Астра Зенека“ за лица на возраст од 18 до 55 години и употреба на mRNA вакцини за постари или почувствителни лица.

Одлуката на АИФА беше донесена еден ден откако Европската агенција за лекови ја одобри за употреба вакцината на „Астра Зенека“ за сите лица над 18 години.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

За македонските граѓани влез во Италија со сертификат или негативен ковид-тест

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус