Италија одобри нов пакет помош во вредност од 2,9 милијарди евра

Од:

Италија денеска одобри нов пакет финансиска помош во вредност од 2,9 милијарди евра, со цел да се олесни економската стагнација на земјата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Мерките ги договор Владата во текот на ноќта, изјави извор упатен во одлуката.

Ограничувањата поврзани со коронавирусот, кои вчера стапија во сила, ја делат земјата во три зони според сериозноста на најновите жаришта.

Тие се помалку строги од заклучувањето на земјата што Рим го воведе кога вирусот првпат се појави во март, но многу продавници се затворени во зоните со најголем ризик, како што е регионот Ломбардија каде што луѓето можат да ги напуштат своите домови само за работа, од здравствени причини или во итни случаи.

Пакетот ги одложува пролетните уплати на даноците што доспеваат во ноември и ги зголемува трансферите кон компаниите што работат во региони означени како „црвени“ или „портокалови“, кои се погодени од најстрогите ограничувања.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски