Италија е на првото место во Европа според бројот на жртви на Ковид-19 и со вкупно 64.036 смртни случаи ја надмина Англија, која досега го држеше тој неславен примат, јави агенцијата Анса..
Во последните 24 часа, вкупниот број на новоинфицирани е речиси 20 илјади, а 649 заразени лица починале.
Во моментов во земјата активни се 684,848 случаи, од кои 3.200 се во тешка здравствена состојба.