Италија ќе започне воена мисија во Нигер заради контрола на миграцијата

Од:

Италијанската воена мисија во Нигер, која ќе помага да се контролираат миграциските текови, конечно ќе почне, осум месеци откако беше усвоена од страна на парламентот на Италија, соопшти министерката за одбрана Елизабета Трента.

„По осум месеци ќорсокак, ја одблокиравме мисијата во Нигер за контрола на миграциските текови”, напиша Трента на Фејсбук, без да прецизира зошто ситуацијата била блокирана и што ја одблокирало, пренесува БТА.

– Италија ќе дејствува во поддршка на владата на Нигер и ќе им помага на локалните власти преку групи за обука на нигерските сили за засилување на контролата на територијата, изјави Трента, без да соопшти кога започнува мисијата.

– Целта е да се бориме заедно против трговијата со луѓе и шверцот на мигрантите кои минуваат низ земјата на патот кон Либија, од каде поаѓаат кон нашите брегови, рече таа.

Според планот, во италијанската мисија првично ќе има 120 војници и нивниот број постепено ќе се зголеми до 470.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он