Италија ќе направи се за обнова на форматот Г-8 со учество на Русија

Од:

Италија, која во моментов е претседател на Групата седум најразвиени земји во светот (Г-7), треба да направи се што е можно за да го обнови форматот Г-8, со учество на Русија.

Ова мислење денеска на страниците на весникот „Месаџеро“ го изрази поранешниот италијански премиер и поранешен претседател на Европската комисија, Романо Проди, пренесе ТАСС.

– Мислам дека задачата на Италија како претседател на Г-7 е да направи се што е можно за враќање на форматот на осумте, со учество на Русија. Главната причина за тоа е што е потребно да се заземе позиција во однос на Руската федерација пред американскиот претседател Доналд Трамп да го направи тоа – пишува политичарот.

Проди забележува дека оваа задача не е лесна, бидејќи „треба да се дознае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе ја прифати поканата, без да постави услови за укинување на антируските санкции, чие дејствие истекува во јули“.

– Не е помалку важно и тоа дали ќе има политички промени во Германија и Франција, кои заради стравот од нараснатата популарност на антисистемските партии во предизборната ситуација дејствуваат крајно внимателно, па дири да е поправилно и спротивното однесување – дополни Проди.

Тој е на ставот дека европската иницијатива би била не само „крајно неопходна“, туку и „многу поволна, затоа што ќе отвори големи можности“.

Средбата на врвот на Г-7 (САД, Канада, Италија, Германија, Франција, Велика Британија и Јапонија) ќе се одржи на крајот на мај во Таормина, на островот Сицилија.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, во телефонски разговор со италијанскиот премиер Паоло Џентилони официјално го потврди своето учество на самитот, потсетува ТАСС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски