Италија и Либија постигнаа договор за прекин на миграцискиот бран

Од:

Италија и Либија постигнаа договор за прекин на миграцискиот бран, пренесе БТА.

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони соопшти по вчерашната средба во Рим со либискиот колега Фајез ал Сараџ дека двете земји потпишале меморандум за разбирање за зајакнување на соработката и за борба против трговијата со мигранти.

Договорот предвидува, главно, обезбедување на обука и опрема со цел поефикасна контрола на долгите граници на Либија во пустината и зајакнување на крајбрежната стража на земјата, која во моментов има ограничен број пловила.

Главниот миграциски поток од Африка кон Европа во моментов е токму од Либија кон Италија.

Сараџ предупреди дека обуката на либиската крајбрежна стража и обезбедување на повеќе помош нема да бидат доволни. Тој повика на „попрактични” европски механизми за поддршка на Либија.

Минатата година околу 181.000 мигранти пристигнаа од Северна Африка преку Средоземното Море во Италија. Околу 4.500 лица загинаа при ризичниот потфат.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски