Италија го декриминализира одгледувањето канабис

Од:

Италијанскиот Министерски совет денеска го изготви законот со кој се декриминализираат серија полесни кривични дела, вклучувајќи ги и прекршувањата на правилата поврзани со одгледувањето канабис за терапевтски цели, информираа француските медиуми.

– Не станува збор за декриминализирање на постапките на оние кои одгледуваат трева на својата тераса, туку да се наметне административна санкција место досегашната кривична за оние кои имаат одобрение да одгледуваат канабис за терапевтски цели, но ги прекршуваат пропишаните одредби, објасни министерот за правда Андреа Орландо.

За оние кои немаат право да го одгледуваат растението за терапевтска цел ќе остане казната до една година затвор и четири милиона евра парична казна.

Оваа реформа има за цел да го олесни товарот што е наметнат врз кривично-правниот систем и санкцијата да ја направи поефикасна.

Според новиот начин на вреднување, возењето автомобил без возачка дозвола преминува од категоријата кривично дело во административен прекршок, и покрај тоа што казната ќе биде „посолена“ и ќе варира меѓу 5.000 и 30.000 евра, место досегашните 2.200 – 9.000 евра.

Нанесувањето повреди, непристојните активности, злоупотребите со човековата доверба и некои видови фалсификување документи, исто така, ќе подлежат на административни санкции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски