Италијанското министерство за надворешни работи ги советува своите граѓани да бидат претпазливи доколку патуваат во Западен Балкан поради можноста од терористички напади.
Министерството ги насочува граѓаните кон интерактивна карта, објавена од порталот „Кориере“, на која се разни бои е означен степенот на закана од тероризам.
На картата сите земји од Западен Балкан се означени со жолта боја, што според легендата значи да се патува со претпазливост. Останатите категории се портокалова боја – да не се патува, ако е неопходно, црвена боја – не се препорачува и зелена боја – без ризик за безбедноста.