На 25 септември, руските сили не успеаја во копнените напади во близина на Авдиивка и Маринка на западното предградие на Доњецк, објави Институтот за проучување на војната (ISW).
„Руските сили продолжија со неуспешните копнени напади долж линијата Авдиивка-Доњек“, соопшти ISW.
Руските сили, исто така, не успеаја да ја вратат изгубената територија во близина на Новомихаиливка, 36 километри југозападно од Адвиивка. Руските трупи изведоа неуспешни напади во близина на Клишчиивка, како и источно и југоисточно од Бохданивка (седум километри северозападно од Бахмут), според извештаите на украинската војска.
На 24 и 25 септември, голем број руски воени коментатори тврдеа дека руските војници ги протерале украинските војници од нивните позиции во Орихово-Василивка (10 километри северозападно од Бахмут). Друг руски коментатор тврди дека украинските сили извршиле контранапад во близина откако руските сили очигледно го обезбедиле селото.
ISW објави дека руските сили не постигнале никакви потврдени успеси во нивните офанзиви во близина на Бахмут. Капетанот Илија Јевлаш, портпарол на украинските сили кои се борат на источниот фронт, извести дека украинските војници ослободиле дополнителни два километри земја во правец на Бахмут.