Истражување: Заканите водат кон автоцензура во медиумите

Од:

Заканите ги запалшуваат новинарите и водат кон ширење на автоцензура во медиумите, се наведува во истражување спроведено од страна на интересната организација на шведските новинско-издавачки претпријатија, „Издавачи“.

– Со тоа се зајакнува и заканата против демократијата, вели генералниот директор на „Издавачи“, Жанет Густавдотер.

„Издавачи“, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, заедно со институтот „Сифо“ истражувале како изгледа актуелната слика на закани кон новинарите и медиумските куќи во Шведска, а резултатите беа презентирани на семинар кој оваа организација го организираше во соработка со шведската тајна полиција СЕПО.

Според истражувањето, околу 40 отсто од шведските медиумски куќи биле изложени на закани и притисоци најмалку еднаш во периодот од почетокот на 2013 година, па до денес.

Од вкупно 62 медиуми, кои учествувале во анкетата на „Издавачи“, 25 одговориле дека нивните редакции примиле закани во повеќе наврати во споменатиот период.

Во контекстот на заклучоците презентирани во рамките на истражувањето се укажува дека сериозни закани најчесто доаѓаат од поединци и групи кои се незадоволни од објавените податоци и текстови, при што целта на заканувањето е да се заплашат новинарите и принудат на пасивен однос. Со заканите најчесто и се постигнува посакуваната цел.

Резултатите од анкетата на „Издавачи“ наидоа на поддршка и од страна на Сојузот на новинарите на Шведска, кој оцени дека станува збор за потврда на ставовите и предупредувањата кои од нивна страна и порано се изнесувани во пошироката јавност.

– Тоа е крајно сериозно прашање кое го засега општетсвото и демократскиот развој во целина, смета претседателот на Сојузот на новинарите на Шведска, Јонас Нордлинг.

Во контекстот на најновото истражување, „Издавачи“, кои во разни пригоди во изминатите години, упатуваа остри критики кон шведската полиција дека ги потценува нивните предупредувања, потенцирајчи дека ќе продолжат одблиску да ја следат работата на полицијата и начинот на нејзиното справување со оваа проблематика.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on