Истражители упаднаа во куќата на Бајден

Од:

Истражителите на американското Министерство за правда пронајдоа уште шест доверливи документи во домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, објави адвокатот на Бајден. Некои од документите се од ерата на мандатите на Бајден во Сенатот од 1973 до 2009 година, а други се од времето кога тој беше потпретседател на Барак Обама, изјави адвокатот Боб Бауер.

Самиот претседател му понудил на Министерството за правда да ја пребара секоја соба во неговиот дом во Делавер. Ниту Бајден ниту неговата сопруга Џил не присуствуваа на претресот.

Претресот дојде откако во ноември и декември беа пронајдени повеќе доверливи документи во домот на Бајден во Вилмингтон и неговата приватна канцеларија што тој ја чуваше во Вашингтон по завршувањето на неговиот мандат како потпретседател. Тие документи беа пронајдени и пријавени на властите од адвокатите на Бајден.

Од американските претседатели и потпретседателите се бара да ги вратат владините документи во националните архиви по завршувањето на нивниот мандат. Јавниот обвинител Мерик Гарланд претходно овој месец го назначи специјалниот советник Роберт Хур, кој ќе го испита задржувањето на документите на Бајден по истекот на неговиот мандат како потпретседател.

Бауер рече дека претресот на домот на Бајден било понудено за „да се придвижи истрагата што е можно побрзо напред“. Инспекторите имаа целосен пристап до целата куќа на Бајден, а претресот траеше 12 часа и 45 минути, рече тој.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој однесе стотици доверливи документи од Белата куќа во својата резиденција на Флорида, е под посебна истрага.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски