Истрагата на смртта на Арафат заклучи дека тој не е отруен

Од:

Француското Обвинителство ја заклучи истрагата за смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат без покренување обвинение, соопшти Обвинителството во Нантер, кај Париз.

На крајот на истрагата не е докажано дека Арафат е убиен со труење со полониум 210.

Арафат почина на 75 години во ноември 2004 година во воената болница во близина на Париз, каде е примен поради болки во стомакот.

Неговата вдовица Суха тврдеше дека тој е отруен, најверојатно со високо радиоактивен полониум, но иследниците заклучија дека нема докази дека кој било е вмешан во обидот да му го одземе животот.

Би можело да ве интересира

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски