Истрага за телефонските разговори на советник на Трамп со рускиот амбасадор во САД

Од:

Американските власти отвориле истрага за телефонските разговори на Мајк Флин, советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, со рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак, открива Си-Ен-Ен, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Според овие извори, станува збор за дел од истрагата на американското контраразузнавање за руското дејствување на територијата на САД.

Разговорите на Флин и амбасадорт биле добиени при „рутинското“ следење на руските дипломати.

Безбедносни толкувања на кои се повикува Си-Ен-Ен тврдат дека некои од содржините во телефонските разговори, изразуваат сериозна загриженост, иако се уште не се завршени испитувањата на сите разговори.

Но се тврди дека „до овој момент“ нема сознанија за што било за кое би можело да се оцени дека е незакнско.

ФБИ и разузнувачките функционери ја известиле Белата куќа за разговорите на Флин со амбасадорот на Русија, пред заминувањето на Барак Обама од претседателската функција.

Новиот секретар за печат, Шон Спајсер потврдил дека претседателот Доналд Трамп веќе разговарал со својот советник Флин и објасни дека станува збор само за два разговора.

Новата американска администрација тврди дека разговорот воден на 29 декември се однесувал на создавањето услови за телефонски разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за празничните честитки (пред Нова година) и за конференцијата за Сирија и борбата со Исламска држава.

Овој разговор се случил истиот ден кога претходната админстрација на САД објави нови санкции против Русија и протера 35 руски дипломати, околу аферата со хакирањето.

Спајсер тврди дека Флин и амбасадорот Кисљак не зборувале за воведените санкции.

Би можело да ве интересира

Белата куќа веста за заминувањето на Илон Маск од функцијата ја нарече „ѓубре“

Предраг Петровиќ

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Горан Наумовски

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали