Истрага против Трамп и во Џорџија

Од:

Обвинителството на округот Фултон почна истрага за обидите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги поништи изборните резултати во американската држава Џорџија, вклучително и телефонски повик до државниот секретар Бред Рафенспергер во кој тој го притиска да „најде“ доволно гласови за да му помогне да направи пресврт поради поразот.

Фани Вилис, неодамна избран обвинител во округот Фултон од Демократската партија, испрати писмо до бројни функционери, вклучувајќи го и Рафенспергер, барајќи од нив да ги чуваат документите поврзани со телефонскиот повик на Трамп, изјави државен службеник запознат со содржината на писмото, јави Њујорк Тајмс.

Тоа е еден од најмалку три телефонски разговори кои биле извршени за еден месец од почетокот на декември до почетокот на јануари, а во кои Трамп барал помош од високи функционери на Џорџија во обид да го смени исходот од изборите.

Истрагата во Џорџија е втора со која се соочува Трамп по истрагата почната во Њујорк.

Трамп загуби од Бајден во Џорџија со 11.779 гласа.

Би можело да ве интересира

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Предраг Петровиќ

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Путин: Војната во Украина можеше да биде избегната ако Трамп тогаш беше претседател на САД

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп, чекаме сигнали од Вашингтон