Историски експеримент: Близнаци ќе ги откриваат тајните на вселената

Од:

Идентичните близнаци Марк и Скот Кели од март наредната година ќе бидат дел од едногодишниот историски експеримент. Скот би требало да стане првиот американски астронаут, кој толку време останал во вселената, додека неговиот брат близнак ќе остане на Земја.

Со споредба на нивните податоци, НАСА ќе ги утврди промените кои ќе ги предизвика долгиот престој во вселената и ќе открие дали луѓето генетски се подготвени за меѓупланетарни патувања.

markskot

Марк е поранешен астронаут кој четири пати бил во вселената, но во меѓувреме дал отказ во НАСА и сега работи како консултант.

Со неговиот брат Скот во тек на оваа мисија ќе биде рускиот колега Михаил Комијенко, а на Меѓународната вселенска станица ќе им се придружи и ротирачка екипа од 13 членови, кои ќе престојуваат од десет дена до шест месеци.

markskot1

Тие ќе работат на експерименти и ќе подготвуваат терен за доаѓање на првите приватни вселенски летала, кои се очекуваат уште на почеток на 2017 година.

Инаку поради експериментот Скот на една година ќе биде оделен не само од својот брат туку и од ќерките Саманта(20) и Шарлота(11), како и од долгогодишната девојка Амико Кодерер, која исто така работи во НАСА.

– Постојат голем број податоци за тоа како реагира човечкото тело, кое престојува шест месеци во орбитата. Но не знаеме што се случува кога ќе помине една година -вели Мајк Сафредини програмски менаџер во Меѓународната вселенска станица.

Затоа за НАСА е важно да има лице кое ќе го тестира подолг период во вселената, а во исто време и некого на Земја со исти гени и сличен темперамент.

markskot2

– Студијата на близнаци не ни беше во прв план кога ја биравме посадата за мисијата. Таа идеја се појави подоцна- наведе Сафредини.

Инаку Меѓународната вселенска станица е доста голема бидејќи има должина од 109 метри, сепак 14 модули во кои астронаутите живеат и работат се само дел од тој простор и заедно имаат површина од еден четрисобен стан.

Кели треба да станува во 6:30 часот по Гринич, секое утро, но признава дека во тек на мисиите секогаш го продолжува спиењето за половина час.

markskot3

Кога ќе се извлече од вреќата за спиење, неговиот ден обично ќе трае по шема 30/40/30 која ќе ја има во тек на новата мисија. Првите 30 проценти од времето се наменети за научни експерименти, 40 за телесни вежби и останатите 30 проценти за закрепнување.

Тоа не е воопшто чудно бидејќи таму се наоѓаат 52 компјутери кои добиваат струја од соларни плочи и се мора да функционира совршено за тие да имаат континуирано напојување.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски