Историјата се повторува, ни се заканува нова војна

Од:

Исто како што во триесетите години, по големата депресеија, дојде до создавање на авторитатни режими во Европа и Азија што доведе до Втората светска војна, така денес се јавува национализам во економијата со што историјата се повторува, тврди познатиот економист Нуријел Рубини.

Овој нов национализам во економијата зема разни облици: трговски бариери, имотен протекционизам, противење на странски инвестициски капитал, политики кои ги фаворизираат домашните работници и фирми, анти-имиграциони мерки, капитализам на државата, и национализам на ресурсите.

Во политички домен, гледаме издигнување на популистички, анти-глобалистички, анти-имиграциони и во некои случаи отворено расистички и антисемитски партии, пишува Рубини, познат како Доктор Пропаст, во колумна за Project Syndicate.

Како доказ за својата теорија за издигнување на „новиот национализам“ Рубини ги зема резултатите од неодамнешните избори за Европскиот парламент, на кои посебно добро поминаа екстремните десничарски партии.

Национализмот, пишува Рубини се јавува и во Азија, а во САД се ојакнува екстремната десница.

Рубини смета дека јакнењето на национализмот, како директна последица на „големата рецесија“ би можел да доведе до нови воени судири во светот.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ