Источниот дел на Индија ќе биде зафатен од циклонот Фаилин

Од:

Повеќе од 40.000 жители се евакуирани од крајбрежните делови на источна Индија во очекување на денешиот налет на силен циклон во Бенгалскиот Залив.

Властите ја откажаа прославата на националниот празник во крајбрежните подрачја на сојузните држави Ориса и Андра Прадеш, а според метеоролозите циклонот Фаилин ќе го погоди регионот во текот на вечерта.

Фаилин е многу силен циклон, кој ќе удри со максимална силина од 210 до 220 километри на час. Можна е и појава на големи бранови, но и на циклонска бура.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Индија може да се подели на два дела

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски