Имало истрели во близина на американскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, пренесуваат светските медиуми, без конкретни детали за тоа што конкретно се случило.
„Претседателот Трамп е безбеден по истрелите во неговата близина. Засега нема повеќе детали“, изјавил портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, во изјавата во која не даде дополнителни детали, пренесува Си-Ен-Ен.
Поранешниот претседател играл голф во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич. Клубот веднаш бил затворен, изјавил извор за американската телевизија.
Безбедноста на Доналд Трамп не е загрозена по пукањето во негова близина, соопшти тимот што ја води неговата претседателска кампања.
Тајната служба го „премести Доналд Трамп на безбедно“ откако се слушнаа пукотници додека Трамп беше на својот терен за голф во Палм Бич, Флорида, соопшти Скај Ен-Би-Си.
„Њујорк пост“ пишува дека две лица размениле оган надвор од теренот за голф, и дека пукањето не било насочено кон Трамп.