Првиот пациент кој се опорави од новиот коронавирус, 23-годишниот Хуанг, за кинеските медиуми откри како изгледа процесот на лекување и какви симптоми на болеста го одвеле во карантин.
„Повеќе пати имав треска од 28 декември до 2 јануари. Бев лекуван во карантин“, сведочи Хуанг.
Тој живее во Вухан, градот од каде впрочем потекнува вирусот, а е вработен во локалната железничка станица Ханку, на околу километар оддалеченост од пазарот на морски плодови Хуанан, за кој се смета дека е извор на инфекции опасни по живот.
Првите симптоми ги имал на 24 декември. Тој сведочи дека на почетокот имал главоболки, вртоглавица и малаксаност. Следниот ден ситуацијата се влошила. Мислејќи дека е настинка, тој зел боледување и отишол во локалната болница. Лекарите му препишале инјекции пеницилин, но тоа не помогнало да се подобри неговото здравје во текот на следните три дена.
Стравувајќи се дека може да биде на боледување премногу долго, тој решил да се врати на работа, но веќе во автобусот на патот кон железничката станица, повторно добил треска. На 1 јануари 2020 година, тој заминал на второ мислење во Унион Сити болница, бидејќи се сомневал дека има пневмонија.
Дополнителни тестови покажале резултати далеку над очекуваните параметри, особено во делот на функцијата на црниот дроб. Кога докторите биле известени дека неговото работно место е во близина на пазарот за морска храна, тие решиле да го пренесат во болницата Јининитан, каде што се лекуваат повеќето пациенти со коронавирус.
Во тој момент, според неговите зборови, тој бил толку болен што не можел да се движи, а следните денови ги помина во карантин.
„Ниту еден сантиметар од мојата кожа не беше откриен. Бев завиткан цврсто“ – вели тој, додавајќи дека целиот болнички персонал бил љубезен и посветен.
За среќа тој успеал да се опорави, и смета дека тоа е балгодарение на неговата возраст. Во интервјуто за Пир истакнал: „Јас бев првиот што се опоравив од критичната состојба и ја напуштив болницата. Најбрзо закрепнав бидејќи сум млад, имам само 23 години”.