Поранешниот лидер на Хамас во Газа, Исмаил Ханија денеска е избран за лидер на целата палестинска исламистичка група.
Се очекува Ханија да остане во Појасот Газа, палестинска енклава со која управува Хамас од 2007 година, за разлика од неговиот претходник Калед Машал, кој живее во егзил во Доха.
Во меѓувреме, радикалната палестинска група Исламски џихад соопшти дека е против новата политика на Хамас поради ублажувањето на ставовите кон Израел и прифаќање на палестинската држава во границите од 1967 година.
– Како партнери на нашите браќа од Хамас во борбата за ослободување, загрижени сме поради документот што Хамас го усвои во понеделникот, изјави заменик лидерот на Исламски џихад, Зиад ал Нахала.