Исланд спроведува масовно тестирање за коронавирус

Од:

Исланд спроведува масовни тестирања на новиот коронавирус, со кои се опфатени и оние кои не покажуваат симптоми на болеста.

Исланд, процентуално, има најголем број тестирани во светот и е единствена која врши тестирање во општата популација, а не само кај потенцијално заболените.

Исландската истражувачка медицинска компанија Декод Џенетикс се понуди да спроведе масовни тестирања за да се добие увид во процентуалната застапеност на заболените во популацијата. Масовното тестирање почна во петокот.

Раната фаза на тестирањето покажа дека мал број луѓе на Исланд се заразени и дека половина од нив не покажуваат никакви симптоми, а другата половина покажува симптоми налик на благ грип.

Од 3787 лица тестирани на Исланд, 218 се позитивни на тестот. Најмалку половина од заразените биле надвор од земјата и тоа, најчесто, во подрачјата со висок ризик на Алпите.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски