Исланд први ратификуваа членство на Шведска и Финска во НАТО

Од:

Исланд е првата земја од НАТО што го ратификуваше членството на ФинскÐ ° и Шведска во Алијансата – исландскиот парламент однапред даде согласност во јуни, објави финскиот портал за јавен сервис „Иле“.

Откако исландскиот претседател Гудни Торлациус Јоханесон потпиша денеска, документите за ратификација беа испратени до американскиот Стејт департмент.

Одлуката за ратификација на протоколот на Северноатлантскиот договор за пристапување на Финска и Шведска денеска треба да ја донесе естонскиот Парламент.

Постојаните претставници на земјите-членки на НАТО го потпишаа пристапниот протокол во Брисел, а по потпишувањето, членките на Алијансата мора да го ратификуваат протоколот во согласност нивното законодавство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

Руте ги повикува членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски