Исламски џихад ја потврди смртта на својот воен командант по израелските воздушни напади врз Газа

Од:

Радикалната палестинска група Исламски џихад денеска потврди дека нејзиниот висок командант бил убиен во израелски воздушен напад во Појасот Газа.

„Сараја Ал Кудс (Ерусалимските бригади) тагува по водачот Калед Мансур, член на Советот за безбедност и командант на југот (од Појасот Газа), кој вчера загина како маченик во израелски воздушен напад“, се вели во соопштението на групата.

„Сараја Ал Кудс“ е вооружено крило на „Исламски џихад“.

Во соопштението се прецизира дека Мансур загинал заедно со уште двајца борци во градот Рафах, во јужниот дел на Појасот. Се посочува и дека се убиени петмина цивили, меѓу кои дете и три жени, откако во нападот биле уништени неколку станбени згради во Рафах.

Синоќа, Министерството за здравство во Газа соопшти дека 24 лица, меѓу кои шест деца, досега се убиени во израелските воздушни напади. Не е јасно дали во оваа бројка се вклучени и жртвите во Рафах, каде се уште се бараат преживеани под урнатините, пишуваат западни медиуми..

Според денешното соопштение на израелската армија на Западниот Брег се уапсени дваесет осомничени членови на „Исламски џихад“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел тврди дека е убиен лидерот на Исламски Џихад во напад на Западниот брег

Лидерот на Исламскиот џихад му се закани на Израел со обновени напади

Ана Ололовска

„Исламски џихад“, сепак, потврди: Постигнат е договор за прекин на огнот со Израел

Египетски безбедносни извори: Од вечерва прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците од „Исламски џихад“

Горан Наумовски

Командант на исламски џихад убиен во израелски напад на Појасот Газа

Почина поранешниот лидер на палестински Исламски џихад, Рамадан Шалах

А1он