Лидерот на Исламскиот џихад му се закани на Израел со обновени напади

Од:

Лидерот на Исламски џихад, Зијад Нахалах еден ден по стапувањето на сила на прекинот на огнот, се закани дека ќе продолжи со нападите врз Израел доколку двајца членови на палестинската екстремистичка организација не бидат ослободени од израелски затвор.

Во интервју за телевизиската мрежа „Палестина денес“ на Исламски џихад, Нахалах рече дека прекинот на огнот е воспоставен под услов Израел да го ослободи Басам ал Сади, водачот на организацијата на Западниот Брег, и Калил Ававдех, кој моментално штрајкува со глад во притвор, а против него не е покренато обвинение.

„Од самиот почеток инсистиравме двајцата лидери да бидат ослободени, братот што штрајкува со глад и Басам ал-Сади… За Басам ал Саади добивме директно писмено ветување дека Египет ветува дека ќе го ослободи што е можно поскоро“, рече Нахала.

Израелските власти негираа дека е постигнат таков договор и изјавија дека немаат намера да ослободат ниту еден од двајцата уапсени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел