Исламска организација бара глобална забрана на навредите на пророкот Мухамед

Од:

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), Екмекедин Ихсаноглу побара да биде воведена глобална забрана за навреди на пророкот Мухамед и прекршителите на ваквата одредба да бидат казнати за поттикнување верска омраза.

– Таква забрана би била доказ дека меѓународната заедница ги почитува чуваствата на припадниците на различните култури, изјави Ихсаноглу во Њујорк, каде присуствува на Годишното заседание на Генералното собрание на ОН.

Според него, ваквите појави со кои се навредува пророкот Мухамед, како што беше последно случајот со филмот „Невиноста на муслиманите“, претставуваат провокации кои сериозно ги загорзуваат глобалниот мир и безбедноста.

Осврнувајќи се на контроверзниот филм „Невиноста на муслиманите“, Ихсаноглу рече дека ОИЦ е за почитување на слободата на говорот и изразувањето, но дека и на тој план треба да има граници.

– Ние не бараме забрана на слободата на говорот, туку бараме да се стави крај на говорот на омразата, потенцира Ихсаноглу.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица убиени и 45 повредени во протести во Нигерија против карикатурите на Мухамед

Емир Латифовиќ

Награда за главата на авторот на филмот „Невиноста на муслиманите“

Емир Латифовиќ

Франција “на нозе“ – ги затвора амбасадите во муслиманските земји

А1он

Франција: Објавена нова карикатура на пророкот Мухамед

А1он