„Исламска држава“ продава нафта на режимот на Асад и на Дубаи

Од:

Групата „Исламска држава“ продава нафта на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и на Дубаи, пишува турскиот весник „Сабах“, повикувајќи се на информации од различни извори.

Во исто време провладиното издание ги отфрлува тврдењата на турските медиуми, поврзани со „парламентарната структура“ на проповедникот Фетулах Ѓулен, дека ИД продавала на Турција нафта од заземените наоѓалишта во Ирак и во Сирија.

Весникот „Сабах“ се повикува на податоци на истражувачката комисија за продажба на нафта од ИД, составена по наредба на претседателот на автономната област Ирачки Курдистан Масуд Барзани, како и на информација на турското и ирачкото разузнавање.

Според тие извори, групата ИД продава голем дел од нафтата на режимот на Асад. Дел од нафтата добиена во Ирак, пак е продавана преку курдски посредници на Иран, од каде била извезувана за Дубаи.

Весникот „Сабах“ пишува дека „Исламска држава“ во моментот веројатно е најбогата терористичка организација во светот.

Весникот потсетува дека уште при преземањето на ирачкиот град Мосул во јуни, ИД зела од централната банка 429 милиони долари. Од продажбата на нафта од заземените наоѓалиѓта пак, групата профитира по еден милион долари дневно. ИД ги контролира и полињата со пченица во Ирак.

Би можело да ве интересира

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години